Отчукува часот за спас на планетата Земја – приклучете се и вие, исклучете светло во 20.30 часот утре

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Утревечер, во 20:30 часот по локално време, во период од еден час над 7 илјади  градови во 180 земји ширум светот ќе „потонат“ во мрак во рамки на глобалната еколошка акција Часот на планетата Земја.

Дел од оваа акција, дванаесетта година по ред, ќе биде и Македонија, па светлата на повеќе локации во Скопје и Охрид ќе бидат исклучени.

2021ва година е клучна година за човештвото. Додека светот се обидува да закрепне од пустошот на пандемијата со КОВИД-19 и да се изгради повторно, треба да ја ставиме природата во центарот на нашите напори за обновување за да ја осигураме нашата иднина на оваа планета.

„Часот на планетата Земја“ е критичен момент за поединците, лидерите и еколозите да се обединат и да повикаат на итни мерки за да се врати загубата на природата и да се обезбеди природен позитивен свет до 2030 година“, вели Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа.

Организаторите ги повикуваат и граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и да го исклучат непотребното осветлување во своите домови.

Во главниот град, од 20:30 до 21:30 часот утре ќе нема светла во: претседателската вила Водно, Владата, плоштадот „Македонија“, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, „Порта Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош. Во Охрид, пак, дел од акцијата ќе бидат: Самуиловата тврдина, кејот „Македонија“ и црквите Света Софија, Плаошник и Канео.

Во акцијата ќе се вклучат и Црвениот крст како и познати хотели и компании.

Организаторите ги повикуваат и граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и да го исклучат непотребното осветлување во своите домови.

„Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на порака за солидарност со проблемите со кои се соочува планетата Земја. Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со ковид-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета“ стои во соопштението од организаторите.

Покрај исклучувањето на светската, онлајн ќе се организира и климатска конференција под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“, на која ќе учествуваат претставници на УНДП во Македонија, на локалната власт, на Собранието, бизнис секторот и граѓанскиот сектор организации.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи