Пакетот антикризни закони е блокиран, коалицијата Алијанса/Алтернатива достави 3 илјади амандмани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

На Собранието ќе му треба време да ги одобри трите закони од петтиот антикризен пакет за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива го исполни предупредувањето и достави 3000 амандмани на вчерашниот состанок на собраниската Комисија за финансирање и буџет .

Оваа опозициска коалиција бара прво да се изгласаат законските измени кои ќе овозможат стекнување на државјанство само со 3 сведоци. Координаторот Скендер Реџепи во една прилика дури и рече дека бизнисмените може да почекаат некое време за да им ги исплатата платите на вработените.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше закажана откако претходно во Собранието владејачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи