Денес се слави Свети Никифор, патријарх Цариградски

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Денеска е 13ти Март (според календарот на МПЦ) и се слави Пренос на моштите на св. Никофор, патријарх Константинополски (Цариградски).

Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис.

На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година.

Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на Светите апостоли. Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нетлени мошти.

Свети Никифор е прогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите свети мошти.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи