4 инструктори за пописот заразени со корона – Заев изјави дека попишувачите се приоритетни за вакцинирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Вкупно четворица инструктори за пописот на населението се заразени со корона вирусот, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

„Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС“, изјави Симовски.

Според него, нема пречка да се реализира попишувањето.

„Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето“, рече Симовски.

Ако некој не биде пронајден во својот дом, додаде тој, ќе му се остави известување за следна посета.

Попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање со вакцините „Астра Зенека“, а кои ќе стигнат в недела преку Ковакс системот“, изјави денес во Делчево премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев денес потврди дека пратката од 24.000 вакцини доаѓа в недела.

„Информацијата ја знаевме два – три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза“, рече Заев. 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи