Почина Зафир Хаџиманов од Ковид 19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Почина познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал, во Белград каде живееше, како последица од коронавирус.

Зафир Хаџиманов по таткова линија потекнува од Кавадарци, додека по мајчина е скопјанец. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград. Во брак беше со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Засекогаш ќе го паметиме по „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ и огромен број други хитови.

За својата работа Хаџиманов е добитник на повеќе награди, како што се: наградата на југословенската естрада и е прогласен за истакнат уметник на Србија, наградата за животно дело на скопското радио Бубамара во 2002 година; награда за животно дело, по гласање на гледачите на ТВ Јесењин, Нови Сад во 2003 година и во 2006 година наградата „Златна маска“ за ширење на македонската култура низ светот. Покрај неколкуте награди за животно дело и нашата Влада во 2009 година го прогласува за амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

По повод 55 години од неговото музичко творештво, во 2014 година е промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, што во тираж од 10.000 примероци е дистрибуиран како подарок.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи