Да си го исчистиме градот – Чистење на „Маркови Кули“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денес во Прилеп се одржа граѓанска еколошка акција за да се исчисти пределот на едно од најубавите места во Прилеп, „Маркови Кули“, впрочем по кое често го насловуваат нашиот убав град, Градот под Марковите Кули.

Прилепчаните кои го организираа настанот во кој можеше да се вклучи секој оној кој е еколошки свесен и си го сака градот порачуваат дека се надеваат дека настанот ќе претставува колективна инспирација за Чист Прилеп.

Во акцијата за чистење се вклучија и извидници од извидничкиот одред „Феникс“ кои секогаш  се пример како треба да се однесувате кон природата.

„Земете си кеси и нараквици. Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!

Почнуваме со Маркови Кули.

Прва цел ни е околу слончето.

Кој колку може… И 30мин да дојдете е добредојдено. Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција. Имаме вода изворска на 200м од слончето.

Нека покажат прилепчани дека се луѓе!

Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист“ – стои во описот на настанот кој беше споделен на ФБ.

Следни локации предвидени со оваа граѓанска еко акција се Селце и Волково.

Вклучете се и вие, поминете малку општо корисно време и покажете дека си го сакате градот и ја зачувувате природата. Природата за тоа ќе ви врати со сета раскош и убавина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи