Преку приказни до социјални промени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Раскажувањето е возбудлива работа, но веднаш штом ќе се сетите на секојдневните обврски кои ги имате, на истото може да гледате само како на една работа повеќе. Но, доколку се земе предвид дека раскажувањето го зајакнува сето она што го прави една организација, од почеток до крај на спроведување на активности, тоа многу помалку се чувствува како товар и се гледа на истото како можност.

 

Зошто да раскажуваме приказни?

Затоа што од лично искуство знаеме дека функционира.

 

Сетете се на изминатите неколку дена. Ќе се сетите дека сте слушнале, сте раскажале или сте размислувале за некоја приказна. Можеби сте слушнале некоја вест, сте биле на кафе муабет со друштво, разгледувавте по социјални медиуми или сте размислувале за како би било добро еден одмор да направите после моменталната ситуација. Приказната може да биде многу „моќна алатка“. А воедно, размислете дека приказната може да претставува еден основен аспект за подобрување на човечката свест. Приказната е суштински дел од нас, од тоа како размислуваме, како чувствуваме, како се однесуваме и како создаваме промени.

 

Затоа што помага во градењето на заедницата на еден забавен начин.

 

Како организација работиме непрофитна и активистичка работа заради проманите кои ги правиме и истите ни помагаат во формирање на заедница. Преку факти можеме само да споделуваме информации, но преку приказните комуницираме со значење и со емоции, кои ги мотивираат луѓето да се вклучат и да дејствуваат. Луѓето не се поврзуваат со факти, луѓето се поврзуваат со други луѓе, со приказни. Штом ќе разбереме нечија приказна веднаш се поврзуваме со заеднички точки, со заедничка визија за подобар свет и би работеле заедно за да го направиме тоа реалност. А раскажувањето приказни, може да биде и многу забавно, подалеку од фактите, состаноците и конференциите кои ни ги носи животот.

 

Затоа што приказните им помагаат на луѓето да ја разберат природата на своето искуство.

 

Ако еден човек си ја раскаже својата приказна за сопствени проблеми кои му се појавиле поради системот, останатите луѓе може само да речат дека тоа е лош период за еден човек. Но, доколку има и други луѓе кои би ги споделувале своите приказни на истата тема, се појавува поврзување и се појавува социјална природа преку нивното искуство.

Преку откривање на социјалната природа на проблемите, луѓето можат да формираат групи, а групите можат да создаваат акции за решавање на тие проблеми!

 

Автор: Лела Јурукова

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи