Пристигнаа првите 24.000 дози „АстраЗенека“ од вкупно 100.000 од Ковакс-системот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Првите 24.000 дози вакцина „АстраЗенека“ од вкупно 100.000 кои што треба да стигнат идниот месец од ковакс-системот, дојдоа утринава на скопскиот аеродром. Ги пречека министерот Венко Филипче со амбасадорите на САД, Германија, Франција и други странски дипломати, преку кои беше организиран преносот и транспортот на овие вакцини.

Вакцинирањето со оваа тура почнува в среда, во здравствените домови ширум државата.

„Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со оваа пратка вакцини, се хронично болните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група. Вакцинацијата ќе се врши во здравствените домови. Во текот на април се очекува да стигнат преостанатите 76 илјади „АстраЗенека“ од Ковакс. Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Овие вакцини од Ковакс доаѓаат со недели задоцнување, но имајќи предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира. И, добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функционира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет“, истака министерот Филипче.

Во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.

Во меѓувреме и денеска колони македонските државјани се на пат кон Србија за вакцинација. На граничниот премин Табановце се чека 40 минути. Министерот за здравство, Венко Филипче вакцинацијата на нашите граѓани и на другите граѓани од регионот во Србија ја оцени како пријателски и многу добар гест, а најави дека оние кои нема да добијат термини за ревакцинација во Србија тоа ќе може да го сторат во државава.

 

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи