Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати до денар и пол.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,50 денар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 66 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68 денари за литар, додека дизелот ќе се продава за 55 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 денари за килограм.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи