ДЗС: Не може да се попишат лица кои се откажале од македонско државјанство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број“, објавија од Статистика на профилот на Фејсбук.

ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи