За што ќе разговараат Заев и Мицкоски?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.

Кои се клучните работи за кои ќе пробаат да изнајдат решенија?

Попис

Од четврток, 1ви април, попишувачите треба да тропнат на вратата на граѓаните и до 21в април да го пребројат населението, непребројано речиси 20 години.

Додека дел од помалите партии, како Левица која има 2 пратеници ги повикуваат граѓаните да не отворат врата на попишувачите, ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи пописот се додека не се имунизираат 5500 попишувачи кои треба да ги посетат домаќинствата.

„Јас и уште илјадници граѓани нема да отвориме врата. Венко, Заев и директорот на ДЗС Апостол Симовски нека форсираат попис па, ќе видат како истиот ќе заврши. Здравјето нема цена. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, не треба да отвораат врата. Чиста глупост е тврдењето дека оние што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави. Нека тераат на сила. Силата раѓа сила. Ајде да одиме до крај, па да видиме чија сила ќе победи. Дали на Симовски и Заев, или на опозицијата“, рече Мицкоски.

Профункционирање на Собранието

Многу закони, дел поврзани и со помошта за економијата за погодените од коронакризата се дел од меѓупартиските преговори кои треба да донесат собраниски кворум, но тенкото владино мнозинство составено од само 62 пратеника, го оневозможува ова, поради самоизолација на заразени пратеници.  Граѓаните и компаниите над еден месец ги чекаат пратениците да го донесат корона пакетот.

Пандемија

Опозициската партија жестоко ја критикува владата и за немањето доволно вакцини и за недоволни економските мерки. Вчера во земјава пристигна првата поголема количина вакцини АстраЗенека преку Ковакс системот, 22 000 и втората доза од 3000 вакцини руски Спутник Ве наменети за здравствените работници. Претходно во земјава имаше нешто над  11000 дози Фајзер и Спутник со кои досега се вакцинираа здравствените работници. Викендов пак во Србија голем број Македонци отидоа да се вакцинираат со АстраЗенека во акцијата која српските власти ја организираа за граѓаните од регионов.

За сето ова ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта која вели дека е неспособна и корумпирана и дека затоа не можеле да обезбедат поголеми количини вакцини, што од Владата го отфрлаат. Темата со коронакризата, како една од точките за разговор ја најави опозицискиот лидер Мицкоски.

Локални избори

Локалните избори во Македонија би требало да се одржат во октомври. Дотогаш опозициските партии – ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива инсистираат да се набават апартчиња за земање отпечаток од прст со кои граѓаните би се регистирале на самото гласање. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владата игра топло ладно за ова прашање и сметаат дека тоа е договор помеѓу партиите од владејачката коалиција.

Македонија да биде една изборна единица е ветување на СДСМ дадено пред изборите во 2016 година на кое велат дека стојат и сега. Тоа го бараат помалите партии кои сметаат дека овој начин на гласање ќе им донесе повеќе пратеници.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи