Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Објавени се три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии, а средствата ќе се делат според развиеност на плански региони, изјави денес министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што кажа министерот, трите јавни повици се објавени пред десетина дена, а сите заинтересирани компании имаат рок да аплицираат до 16-ти, односно до 30-ти април и да ја искористат финансиската поддршка од Министерството за економија.

За микро и мали компании рокот за аплицирање е до 16 април, а е предвидена финансиска поддршка во висина од 50 отсто од прикажаните трошоците за набавка на машини, алати и фотонапонски панели, за што вкупно од буџетот на Министерството за економија се определени 30,7 милиони денари (500 илјади евра), при што еден апликант може да добие максимум 400 илјади денари.

За поддршка на женско претприемништво, односно за компаниите кои 50 отсто се управувани од жени, се предвидени субвенции од 80 отсто за покривање на трошоците направени лани и годинава за алати, уредување на деловни простории и софтверски решенија. Вкупно за ова се предвидени 4 милиони денари, а секој апликант ќе добие по 150.000 денари максимум. Огласот за овие компании ќе трае до 30 април годинава.

Со јавниот повик за субвенции за занаетчии, е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60 отсто од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор, но не повеќе од 120.000 денари за еден апликант. За оваа мерка се предвидени  6 милиони денари, а крајниот рок за аплицирање е 30 април годинава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи