УКЛО Тривиум

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

До сите редовни студенти на УКЛО. Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола (УСС-УКЛО) е највисоката форма на студентско организирање на ниво на универзитет. Дел од планираните активности на Собранието за оваа академска година е и проектот „Денови на студентскиот глас“, во чиј склоп влегуваат УКЛО Тривиум – натпревар за ораторство, кој ќе се одржи на 17 април, за овој настан ќе има обука за сите пријавени оратори, како и работилница на тема: „Активизам и активно граѓанство“.

Оваа година, темата на која учесниците на УКЛО Тривиум ќе говорат е: „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“. Организациониот тим произлезе со оваа тема со заеднички став дека степенот на користење на социјални медиуми помеѓу младата популација е доста голем.

Пријавувањето е од 22.03.2021, до 01.04.2021, на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLScXZRRp4WM6eJ…/viewform

За најдобрите оратори се обезбедени парични награди од кои:

Прво место 6 000 ден.

Второ место 4 000 ден.

Трето место 3 000 ден.

Дополнителни информации околу конкурсот може да најдете на следната слика:

 

 

 

Автор: Михаил Дивјакоски

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи