Филипче: Ниту еден министер не е вакциниран и тоа одговорно го тврдам

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање околу написот кој излезе во албански весник за наводно приоритетно вакцинирање на неколку министри од МАкедонија, истакна дека досега не е вакциниран ниту еден министер од Владата.

„Ниту еден министер не е вакциниран и тоа одговорно го кажувам и тврдам. Жал ми е што овие лажни вести потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај сите предизвици што секојдневно ги имаме во борбата да се зајакне здравствениот систем и да им се излезе во пресрет со барањата на пациентите, жалам што се бориме и со лажните вести на  ВМРО-ДПМНЕ.  Не најдоа ни сила, ни храброст, ни доблест некако да помогнат“, вели Филипче.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи