Ќе пропадне ли уште една туристичка сезона – Македонија доцни 1 година со печатот за „Безбедно патување“

 

 

Туристичките работници се жалат дека МНР и здравство со месеци не објавиле податоци за протоколите, па туристите немаат каде да се информираат дека во земјава има и полициски час.

Странците тешко се одлучуваат да ја посетат Македонија како туристичка дестинација поради недостиг на инфомации од надлежните државни институции. Туристичкиот сектор апелира министeрствата да бидат поажурни и на нивните веб страни на англиски јазик да објавуваат кои и какви мерки има во државава. Според нив, властите недоволно се трудат да привлечат странски туристи.

„Џабе ние ќе донесеме светски стандард лесно препознаен од туристите, ако на нашата веб страна последна вест на англиски јазик е објавена во мај 2020та. За каков туризам ние ќе зборуваме ако министерството не ги објавува протоколите?

 МНР замислете нема сајт на англиски јазик. Како ние од 10 до 5 часот ќе им објасниме на овие странски патувачи дали бизнис или туристи дека државава едноставно не се грижи за тој дел. Овој наш аларм сакаме да биде сфатен сериозно затоа што веќе сме април, потребни се координирани акции.“ изјави Александар Кузманоски, заменик-претседател на Здружение на угостителство и туризам.

Македонија веќе 1 година доцни и со имплементирање на „Safe Travel“ печатите кои треба да гарантираат дека земјава е безбедна за патување, велат од Комората. Мерка која сите земји од регионот ја имаат воведено уште лани. Бараат итно воведување и на бесплатни ПЦР тестови за туристи.

„Вие не може да речете ајде, дојдете, немаме корона! Викате дојдете, чувајте се, бидете безбедни, почитувајте ги мерките кои ќе ги објавиме со safe travel и добијте бесплатен тест за секое ноќевање. Воопшто нема не знам какви цифри да ја чини државата. Повеќе импакт ќе има него што ќе дадат за тестовите.“ додава Кузмановски.

Од економија велат дека Комисија допрва ќе одлучува кои туристички капацитети ги исполнуваат критериумите за да може да гo добијат Safe Travel сертификат. Министерот Кршеник Бектеши алармираше што поскоро да се одблокираат законите од петтиот пакет, за државата да може да воведaт и бесплатни тестови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи