Николовски нема да бара разрешување на Рашковски – за него не важел етичкиот кодекс

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81.000 евра, кој не го користи ниту институција.

Вели дека етичкиот кодекс важел само за именувани фунакционери на влада. Денеска, Николовски реферираше за новиот извештај на Греко – телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на  антикорупциските политики. Од вкупно 23 препораки Македонија целосно или делумно спровела 13 препораки. Според оценките од владата, ова е охрабрувачки извештај од Греко.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи