НОВА АКЦИЈА: „Да си го исчистиме градот“ во недела 4ти април, локација Селце

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Продолжува успешната граѓанска еко акција во Прилеп. Овој пат, сите прилепчани се повикуваат да се вклучат во акцијата за чистење на локацијата Селце.

Чистата и здрава животна средина е сечија одговорност.

Организаторите на настанот овој пат ќе ве пречекаат на 2 локации, кај подвожњакот и кај манастирот. Понесете си ракавици и кесе за ѓубре!

„Да си го исчистиме градот.
Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме Еко Свеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП.

После првата успешна акција на 28ми каде Марковите Кули блеснаја во првобитната убавина да ја подолжиме оваа интенција со следна локација.

Локација Селце 4.4.2021

Две места за собир:
1. Подвожнакот
2. Манастирот

Една група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот. Добредојдено е ако споделите на стори и на зид! Еден поинаков краток излет.

Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!

Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција.

Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат“, стои во описот на настанот на ФБ.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи