„СТАВИ ПОЈАС!“ – За твоја безбедност! – „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

„СТАВИ ПОЈАС!” – е пораката која деновиве ја испраќаат до граѓаните голем број на  новинари, водители, спортисти, артисти и други јавни личности.

Живееме брз живот, брзаме да стигнеме на работа, да ги завршиме обврските, да не задоцниме некаде… Но, многу е важно,  во целата трка кога ќе седнете зад воланот или воопшто кога ќе седнете во автомобил,  да се сетите на вашата одговорност, да помислите на вашата  безбедност и да ставите појас.

Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди и се почесто доаѓаме до заклучок дека е речиси невозможно да помине едно деноноќие или еден викенд  а да не се  случи тешка сообраќајна незгода со повредени или загинати лица. Затоа секогаш, кога ќе влезете во автомобил, првата работа што треба да ја направите, за да се заштитите самите себе, е да ставите појас.

Изминатата година, 125 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди а околу 5500 лице се повредени. Познавајки го менталитетот на македонските граѓани, многу често кога ќе се случи сообраќајна незгода со фатални последици се  поставува прашањето: „ А користел ли појас? “  За жал оваа прашање се поставува најчесто кога веќе е премногу касно. Ваквата состојба мора да се промени и за таа цел РСБСП и МВР реализираат кампања за подигање на свеста за поголема употреба на појасите од страна на возачите и патниците.

Кампањата е поддржана од голем број на јавни личности и истата е многу актуелна на социјалните медиуми и буди интерес кај широката јавност.  Новинaри, спортисти, водители, артисти  и останати јавни личности… сите во еден глас праќаат порака  „СТАВИ ПОЈАС! “.

„Јас од 18 години возам и секогаш користам појас“, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“, „ Стави појас и не глуми фраер!“, „Стави појас!- Не вреди ризикот!“ „Стави појас! – Ниеден изговор не е оправдување!“ „ Вози со стил и стави појас!“, „ Секој живот е важен – Стави појас!“-  вака гласат дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од кампања „СТАВИ ПОЈАС!“.

РСБСП изразува голема благодарност до сите јавни личности- поддржувачи на кампањата „СТАВИ ПОЈАС!“ кои ја препознаа важноста на оваа кампања и истовремено ја препознаа својата улога во процесот на креирање на општествени вредности и истовремено апелира до сите  возачи и патници:

„На секое патување, задолжително ставај  појас! Да започнеме да ја градиме и да ја менуваме  сообраќајната култура,  почнувајки  секој од себе!“     

 #СТАВИПОЈАС!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи