Студентска картичка на УКЛО за сите студенти и идни студенти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Почитувани студенти и идни студенти на УКЛО, среќни сме да ви соопштиме дека Универзитетското студентско собрание на УКЛО, од почетокот на оваа академска година се фокусира на подобрување на секојдневниот студентски стандард и за таа цел би сакале да ви го презентираме проектот „УКЛО Студентска картичка“.

Во рамките на овој проект, тимот на УСС склучува договори со правни лица на територијата на сите единици на универзитетот.

Преку овие договори, редовните студенти од сите единици на УКЛО, при користење на услугите на правните лица со кои УСС има склучено договор, ќе уживаат одредени попусти и бенефиции. Со цел уживање на овие бенефиции, секој студент се обврзува да го докаже својот статус на редовен студент на некоја од единиците на УКЛО, на начин што прикажува индекс или студентска легитимација.

Сите студенти кои ги немаат подигнато своите студентски легитимации, тоа можат да го направат во просториите на „Студентски прашања“ на Факултетот на кој студираат.

Листата на сите правни лица со кои УСС има склучено договор за соработка ќе биде објавена  на Web страната на универзитетот, како и социјалните мрежи на Универзитетското студентско собрание на УКЛО.

Автор: Михаил Дивјакоски

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи