Филипче: Изненаден сум од изјавата на Пендаровски, вакцинирањето во Србија не беше срам

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Министерот за здравство, Венко Филипче со реакција на неговиот Фејсбук профил ја искажа својата изненаденост од изјавата на претседателот Стево Пендаровски во врска со вакцинацијата на наши држајвани во Србија. Според него, вакцинацијата не претставувала срам за нас, туку само знак на солидарност.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“ – напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи