Џорџ Р.Р. Мартин од „Игра на Тронови“ потпиша нов 5 годишен договор со ХБО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Писателот Џорџ Р. Р. Мартин – автор на фантастичната ТВ-серија „Игра на престоли“, потпиша петгодишен договор со „Ејч-би-оу“ за нови содржини за телевизиската и стрим-платформа „ХБО макс“. Продукциската куќа го потврди овој податок.

Мартин е моментално вклучен во пет проекти на „HBO“, меѓу кои и „Куќа на змејот“, која ќе се фокусира на моќната династија на Таргеријан, 300 години пред доаѓањето на „Игра на Тронови“. Тоа ќе биде серија од 10 епизоди, која треба да започне да се снима нареден месец, а да се емитува во 2022 година.

Сепак, соопштението не уточнува дали договорот е поврзан со проекти поврзани со „Игра на престолите“. Според „Холивуд репортер“, зделката тешка неколку десетици милиони долари можеби ќе вклучува и серија за воинствената кралица Нимерија, која владеела со тој свет пред илјадалетија, или пак, серија за лавиринт од тесни ходници во една од кралските палати…

„Ворнер медија“ известува дека вон светот на „Игра на престолите“, Џорџ Р. Р. Мартин ќе биде извршен продуцент на уште два проекти на „Ејч-би-оу“, прилагодени од фантастичниот роман на Неди Окорафор – „Кој се плаши од смртта?“ и „Патокази“ на Роџер Зелазни.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи