Тутунски Прилеп добива пари од државата за откупениот вишок на тутун

На денешната седница на Владата донесена е Одлука за одобрување на средства во износ од 100.000.000 денари, наменети за Тутунски комбинат АД Прилеп, како дополнителни финансиски средства за навремена исплата на откупениот вишок на тутун од ланската реколта.

Тутунски комбинат Прилеп како компанија со доминантна државна сопственост, ја превзема обврската да откупи најголем дел односно 700 тони од произведениот вишок на тутун. За таа намена, Владата обезбеди средства од државниот буџет, преку Ковид програмата. Овие средства ќе се префрлат на сметката на Тутунски комбинат, а потоа во најкус можен интервал ќе им бидат исплатени на тутунарите.

Обврската е Тутунскиот комбинат овие средства да ги врати во Буџетот до 10 декември 2021 година.

Инаку утре истекува продолжениот рок за откуп на вишок тутун од реколтата за 2020 година.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи