ВИДЕО – Започна вакцинацијата во Прилеп – денеска ќе се вакцинираат 90 граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денеска во Здравствениот дом во Прилеп започна вакцинацијата со вакцината „АстраЗенека“ за лицата над 77 годишна возраст. Граѓаните кои се пријавија за вакцинација велат дека не се плашат од вакцината и дека истата ја препорачуваат на сите, затоа што тоа бил единствениот начин човек да се заштити од овој вирус. Велат дека се свесни дека можеби има и мал ризик, но сепак тоа го имало и кај секоја вакцина. Засега Прилеп има добиено 900 вакцини.

 

 

„Секако дека ќе се вакцинирам и сметам дека тоа е најубавото нешто што треба да се вакцинира секој еден, бидејќи јас сум овде вработена во пензија, и сме ги вакцинирале од најмали децата, тоа е имунитет за секој еден. Треба сите да се вакцинираат и нема потреба од страв. Проблеми можеби ќе се јават во некој случај, ама не секаде, тоа е тоа што мора да се вакцинира народот, нема што да се плаши“, рече една граѓанка.

 

 

„Ја чекав многу, секој ден чекав и добро е што ја дочекавме и да може целиот македонски народ што побргу да се вакцинира, да верува во вакцината. Има поединечни случаи, белки нема да бидеме меѓу оние поединечните“, додаде друг граѓанин.

 

 

„Сакам да се вакцинирам. Кажуваат, не се ефикасни, вакви такви.  Јас си се вакцинирав, па сега, како рекол Господ, така“

Што им препорачувате на другите?

Да се вакцинираат. Ако треба лошо да се случи, и без тоа ќе се случи.

Никаков страв, ништо?

Ништо.

Сметате дека вакцините помагаат?

Секако дека помагаат. Ако не помагаат, нема да ги произведуваат.

 

 

„Се и сешто се зборува за вакцината, ама кога мора да се вакцинираш, тоа е тоа. Ризико во секоја вакцина мора да го има, па и во оваа. Тоа што се зборува, колку е точно, стручните лица ќе кажат.

Сепак сметате дека вакцините помагаат?

Секако, подобро отколку без вакцина. Подобро да се вакцинираш, отколку да чекаш што ќе се случи секој ден.

Каква е ситуацијата во Прилеп?

Во Прилеп е ужасна ситуацијата. Секој ден по 2ца, 3ца и 4ца починати, а над 60 заразени секој ден.

 

 

„За Прилеп тие забележуваат, запишуваат кои се над 77 години, а јас 83 години, што знам и јас што сака нека биде, кај Асан, таму и Асаница“

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи