Во петок почнува вакцинацијата против Ковид 19 во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во петок започнува вакцинацијата во Крушево. Во првата фаза ќе се вакцинираат граѓаните над 77 години, а вакцините се веќе обезбедени.

Здравствен дом Крушево преку социјалните мрежи ги извести граѓаните дека до крајот на работната недела ќе започне вакцинацијата против Ковид 19 и обезбедени се вакцини за граѓаните над 77 годишна возраст.

„Почитувани, ЈЗУ Здравствен Дом Крушево вчера попладне ги прими првите дози на вакцини против Ковид 19 од производителот „Астразенека“. Вакцинацијата ќе ја спроведува редовната служба за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом-Крушево.

Започнуваме од (петок) 02.04.2021, за пациенти над 77 години, со закажување преку апликацијата “Мој Термин” од страна на матичните лекари.“, стои во соопштението на ЗД Крушево

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи