Во 10 градови во Македонија почна вакцинацијата со „АстраЗенека“ за лица над 77 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во Македонија денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“.

Вакцинацијата се закажува преку системот Мој термин. Првично се пуштени 9577 термини, а досега се закажани 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст, информираше Министерството за здравство.

Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, веќе ја дистрибуира вакцината „АстраЗенека“ до здравствените установи низ државата. Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спроведува вакцинација против ковид-19.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи