Прошетајте онлајн и бесплатно во најпосетениот музеј на светот „Лувр“ во Париз

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Најпопуларниот и најпосетениот музеј на светот ја направи достапна и бесплатна за сите целата уметничка колекција. Лувр овозможи со само еден клик да прошетате и да ги погледнете најдобрите уметнички дела некогаш направени.

Музејот Лувр (француски: Musée du Louvre) во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември, 1793, за време на Француската Револуција. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.

Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како „Мона Лиза“, „Девицата и Детето со Св. Ана“ на Леонардо да Винчи и „Венера од Милос“ на Александрос од Антиок.

„Домот на Мона Лиза“ создаде онлајн платформа на која објави над 480.000 дела и сите љубители на уметноста и истражувачи можат да ги разгледуваат на: https://collections.louvre.fr/en/

„Лувр ја брише прашината од своите богатства, дури и од оние најмалку познатите. За првпат, секој има пристап до целата колекција бесплатно од компјутер или смартфон, независно дали тие дела се изложени во музејот, позајмени или складирани. Уверен сум дека оваа дигитална содржина ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр и лично да ја истражат колекцијата“, изјавил Жан-Лук Мартинез, претседател и директор на Лувр.

Во 2018 година, музејот беше посетен од рекордни 10,2 милиони лица од целиот свет, но таа бројка опадна до 2,7 милиони во 2020 година поради пандемијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи