Симовски: Ние не сме полицајци за да знаеме дали попишувачите се криминалци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако вчера портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека еден од попишувачите во Сарај е уапсен во полициската акција „Планина“, за Плусинфо изјавува дека тие не се полицајци за да знаат дали попишувачите се криминалци.

„Како ние да знаеме дали некој попишувач се занимава со нелегална работа? Сите заинтересирани граѓани доброволно се пријавуваат на јавниот конкурс за попишувачи, а условот е да се наши државјани, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование и да немаат засновано редовен работен однос. Впрочем, ние овие луѓе ги ангажираме привремено, а не ги вработуваме. Зарем треба да го испрашуваме секој попишувач посебно? Ние сме статистичари, а не полицајци“, истакна Симовски и додаде дека од негова страна ниту еден закон не е прекршен и дека паѓа во вода барањето од ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка.

Во врска со лаптопите за кои вчера попишувачите добиле абер од ДЗС дека треба да ги вратат поради тоа што пописот е одложен за септември, Симовски рече дека сите до еден ги вратиле компјутерите.

„Сите попишувачи ги вратија компјутерите кај локалната комисија низ целата држава, но сега ние треба да организираме транспорт за да ги повлечеме лаптопите и да ги складираме во нашиот објект во Скопје“, рече Симовски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи