Филипче: Лица помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „АстраЗенека“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Лица помлади од 60 години во земјава нема да се вакцинираат против Kовид-19 со вакцината на „АстраЗенека“, кажа министерот за здравство Венко Филипче во емисија на ТВ21.

Вчера, Канада ја суспендираше употребата на оваа вакцина за лицата под 55 години, а Германија за лица под 60 години.

„Има 2 нови соопштенија од Канада и Германија кои соопштуваат дека таа вакцина нема да се дава на тие возрасни групи. Ние вечерва разговаравме и заземавме став, а утре тоа и ќе го официјализираме. Почнуваме со постарата група на граѓани кај кои вакви несакани ефекти со тромбоза не се јавиле. Ќе почекаме и ќе испратиме писмо до Европската агенција за лекови (ЕМА) да ни одговорат дали и каков став ќе заземат во однос на оваа вакцина. Ќе ги примениме препораките на овие две земји додека не се потврди поинаку. По извештаите на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со ‘АстраЗенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние секако утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст на 77 години“, рече Филипче во вчерашната емисија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи