Церемонија на заветување – заветот е почеток на извидничкиот живот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

На 27.03.2021 година новите извидници на Извидничкиот одред „Феникс“ дадоа завет, заклетва. А што значи тоа?

Заветот е ветување со кое извидниците се обврзуваат да ја запознаат својата татковина, ќе ја прифатат духовната реалност и ќе го бараат нејзиното потполно значење, ќе помагаат на луѓето околу себе и ќе живеат и работат според извидничките закони и принципи.

„Заветот е еден посебен дел, односно почеток на извидничкиот живот. Тогаш децата за прв пат ја добиваат својата марама и официјално стануваат извидници, затоа оваа церемонија е толку важна во нашата организација. Еднаш извидник, засекогаш извидник“, истакнува Анастасија Митревска, заменик начаник во ИО „Феникс“.

Оваа година заветот го одржавме кај карпата позната како „Слончето“ или за некои „Штрк“, која се наоѓа точно под „Марковите Кули“. Имавме 28 нови извидници од кои 5 дадоа завет онлајн и станаа дел од големото извидничко семејство ширум светот.

Воедно, при оваа прилика го прославивме 6тиот роденден на одредот и Старешинството ги соопшти новите одлуки, а тоа е дека Анастасија Митревска беше избрана за Заменик началник на одредот и Дамјан Макешоски за младински водач.

До следно видување, со извиднички поздрав,

ЗДРАВО!

Автор: Ана Плетварец

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи