Џафери за одложувањето на пописот: Има процедури, овде не може да одлучуваме според партиски договори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Пописот на населението што според законот треба да започне утре може да се одложи само со закон, кој треба прво да биде поднесен, па пратен на комисиска расправа, па потоа да се изгласа на седница, вели претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Самите преговарачи признаа дека можеби беше грешка што и јас не бев присутен на тие разговори. Последиците од роковите не се одговорност на Собранието. Секоја одлука, неспорна каква и да е, треба да ги следи процедурите во парламентеот, зашто тие не можат да зависат од начинот на таквите преговори. Попрецизно, овде не можеме да работиме и да одлучуваме само според партиски договори”, рече Џафери.

Тој ја објасни процедурата за одложување на пописот:

„Законот ќе дојде денеска тука, и ќе се изгласа потребата од скратена постапка, потоа ќе оди на комисија. Јас не можам однапред да кажам дека комисијата ќе се одржи за еден час, и дека веднаш ќе добијам извештај и дека во текот на денот ќе продолжам со седницата. Предлогот кој е со европско знаме, оди на комисија за европски прашања, со оглед дека и основниот закон е така донесен”.

Џафери нагласи дека истиот одговор може да го даде и во однос на измените на Изборниот законик бидејќи, како што нагласи, мора да бидат запазени сите постапки. Информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието.

„Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор или внатре во институцијата. Ги поздравувам одлуките што едногласно се изјаснија дека се за одблокирање на работата на Собранието. Најпосле го поздравувам и фактот што знаат дека е направена намерна или ненамерна гршка, иако јас ќе ја сметам за ненамерна, за фактот што во сите работи и математики требало да биде присутен претседателот на Собранието, кој што тие одлуки треба да ги спроведе институционално во Собранието низ процедурите“, рече Џафери на прес-конференцијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи