ВИДЕО – Смилеска: Сите што се вакцинираа се чувстуваат добро, добивме 900 вакцини

Во Прилеп денеска започна имунизацијата на граѓаните со динамика согласно планираниот план кој го имаме добиено од Министертсвото за здравство. Имаме добиено 900 вакцини, а во текот на овој ден треба да се вакцинираат 90 граѓани, изјави директорката на општата болница во Прилеп, Кети Смилеска.

 

 

„Сите кои биле евидентирани на Мој термин се пријавиле на пунктот за вакцинирање.  Денес има еден вакцинален пункт, но ќе бидат вакцинирани 90 граѓани, исто како да се 2 вакцинални пункта. Од утре ќе функционираат два пункта. Вакцинирањето ќе трае се додека не се исцрпи залихата која ни ја дадоа. Од она што можев да забележам дека граѓаните во вакцината гледаат надеж дека нема да бидат заразени со Ковид 19. Од она што го имам како информација досега сите што се вакцинирале сите се чувстуваат добро“, рече Смилеска.

Смелеска истакна дека во овој момент во болницата имало 120 лежечки пациенти од кои 90 биле на кислородна поддршка, а имало слободни уште само 4 легла.

„Ова ни укажува дека за брзо треба да се пушти и модуларната болница, односно подготовките се при крај и во петок е планирано да се пушти во употреба модуларната болница. Покрај Ковид одделите во болницата сега ќе ја имаме и модуларната болница која има 35 легла кои сите се поврзани на централен довод на кислород, нешто што ни овозможува олеснување како во работењето на персоналот, така и подобра здравствена услуга за пациентите“, додаде Смилеска.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи