На 14ти мај Грција ги отвора границите за македонци со негативен ПЦР или потврда за вакцинација

 

Границата со Грција е затворена за Македонија од 16ти март 2020 година. Денес, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Грција ги отвора границите со Македонија на 14ти мај, но нашите граѓани ќе мораат да приложат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

„Имаме честа комуникација со грчкиот министер за здравство и со грчкиот министер за туризам, а денеска добив информација дека Грција планира да ги отвори границите на 14 мај. Секако, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Отворени ќе бидат границите во Дојран и во Гевгелија“, вели Филипче.

Тој објасни дека наскоро ќе им испрати на грчките власти како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација.

„Јас зедов обврска да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што можат да издаваат ПЦР тестови. Се надевам дека нема ништо драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката ситуација во двете земји, но како што стојат работите, според најавите на грчкиот министер за туризам, на 14 мај ќе се отворат границите“, објасни Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи