ВИДЕО – „Шарената приказна“ – уникатна уметност од отпадни материјали од дрво

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Вељо Лучески од Прилеп се занимава со една интересна и можеби единстевна техника од овој вид во Македонија на изработка на 3Д слики од отпадни материјали од дрво. Првата ваква слика ја изработил пред 6 години, а идејата ја видел на телевизија од некоја уметница од Храватска.

 

 

„Кај нас обично некој кога ќе види некој нешто интересно си продолжува да го работи, те копира ии ти превзема идеи, јас ја исконтактирав авторката, замислете иако е од друга држава јас и се јавив и побарав дозвола да работам нешто слично. Тука има една интересна работа, уметницата беше малку зачудена и рече дека јас сум бил прв кој се јавил и побарал дозвола за нешто“, вели Вељо Лучески, уметник од Прилеп.

Целиот негов проект со овој вид на слики сега има и име и се нарекува „Шарената приказна“.

„Во 2015 година е изработена мојата прва слика, почетоците беа во Дојран и од тогаш нештото си трае. „Шарената приказна“ трае. Сега имаме и име и сме брендирани. Сликите се изработени од парчиња дрво. И првичната идеја е таа да се создаде некој вид на рециклирана уметност. Тоа се оние отпадоци од дрво од столари или дограмаџии кои остануваат. Се обидов сето тоа, тој отпадок, да го направам во една уметност“, додава Лучески.

Како што можам да забележам од сликите идејата која се провлекува се куќи, градови и слично?

„Приказната започна во Дојран и нормално беше езеро, град и слично. Но малку по малку во текот на работата се добиваат и нови идеи“, истакна Лучески.

Претходно работел и слики на платно, но сега сето тоа го оставил ии оваа 3Д уметност од хоби му прераснало во бизнис. Годишно произведува по неколку илјади вакви слики.

Каде се ги пласираш овие слики и како?

„Најмногу сликите се продаваат со непосредна продажба. Значи на штандови. Во пролет и есен најмногу работам во Битола, во сезоната сум во Охрид и инцидентно во Скопје. Од почетокот до сега прецизна бројка немам колку слиики имам изработено, но можам да кажам дека на почетокот годишно се правеа 50 до 70 слики, сега се продаваат буквално илјадници. Потребно време за изработка на една слика, од цртање на позадина, лепење на рамка, лепење на дрвото, за најмалиот формат е околу 40 минути, а додека за овој поголемиот формат потребното време за изработка е околу 1 час“, потенцираше Лучески.

 Инаку неговите дела досега завршиле во 70 земји од светот, а негова желба е тие да се распространат на сите континенти и во сите држави.

„За тоа сепак ни е потребен модерниот начин на живот и модерното купување. Во тек е подготовка на интернет страница на која ќе може да се купува и он лајн. Прашање на ден е кога ќе ја пуштиме истата во употреба“, кажа Лучески.

Лучески вели дека засега работи сам, но доколку се зголеми побарувачката и за во странство, би вработил и луѓе кои сакаат да се занимаваат со ова.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи