Досега самопопишани 177.875 лица од дијаспората

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица  од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика.

Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58 067, Германија – 40 400 и Италија – 25 618.

Во САД има попишано 7 484 лица, во Австралија 2 227 и Канада – 1 591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163.

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи