Дрекслмајер отвори фабрика близу Куманово

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Почна со работа производниот капацитет на Дрекслмајер во Куманово, соопштија денеска од компанијата.

За оваа инвестиција, нагласуваат, одвоена е двоцифрена милионска инвестиција која ќе креира нови работни места во Куманово. Ова е втор производен капацитет во земјава на компанијата од автомобилската индустрија.

„Како лидер во премиум автомобилскиот сегмент и дел од листата на Топ 100 добавувачи во светската автомобилска индустрија, постојано ја добиваме и ја зајакнуваме довербата од нашите клиенти, така што се јави потребата од дополнително проширување на производствените капацитети каде е остварен комплетно интегриран производствен процес. 2020 година донесе многу турбуленции предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19, а неповолните социо-економски движења не нè одбегнаа ниту нас. Сепак продолживме да инвестираме во нови производствени капацитети и развојни проекти“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Во соопштението за медиумите се наведува дека компанијата ќе обезбеди работна средина која ќе понуди можност за професионален развој на вработените, вложување во техничкото знаење преку посета на фабриките на други локации, меѓународна размена на искуства.

„Во моментов во фабриката во кумановскиот регион работат над седумстотини соодветно обучени кадри, а бројот на вработени и понатаму ќе се зголемува. Вработените се нашиот најголем капитал и секогаш се во фокусот на нашето внимани“,  порачува Мирингер.

DRÄXLMAIER Group во земјата е присутен од август 2012 година со отворањето на првата фабрика во Кавадарци, остварува соработка со над седумстотини домашни компании.

„Фабриката во Куманово ќе има важна улога во процесот на снабдување на нашите клиенти. Среќни сме што имаме можност да се развиваме и да го шириме нашето присуство во овој регион. Нашите тимови се составени од високомотивирани вработени кои со своето знаење и посветеност придонесуваат за создавање на висококвалитетен производ“,  потенцираше Мирингер.

Од компанијата нагласуваат дека се водечка компанија каде со години се спроведува германскиот модел за дуално стручно образование, поддржуваат и студенти од техничките факултети, како и спортски клубови и здруженија. Компанијата има 60 фабрики во светот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи