Нашите јагниња се извезуваат во Италија и Хрватска под производна цена

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Сојузот на одгледувачи на овци соопштува дека над 170 илјади јагниња се извезени досега во Италија и во Хрватска, а се до крајот на годината се очекува да бидат извезени повеќе од 200 илјади јагниња.

Претседателот на овој Сојуз, Никола Ѓеоргиев, вели дека е постигната просечна откупна цена за јагнето од 140 денари, а највисоката достигната е 150 денари за килограм жива мера.

„Оваа цена е повисока за 20% од лани, но е далеку под производната цена која годинава ќе надмине 180 денари за килограм жива мера бидејќи имаме зголемени трошоци поради повисоките цени на храната“, вели Ѓеоргиев.

Одгледувачите на овци се надеваат и на пласман на јагне и во периодот од април до мај кога е православниот Велигден и тоа на домашниот пазар и евентуално во Бугарија.

Одгледувачите реагираат дека државата се уште не ги исплатила субвенциите.

„Деновиве сме во постојана комуникација со Министерството за земјоделство кое сѐ уште не ни кажува кога ќе бидат исплатени субвенциите. Годишниот календар е дека тоа ќе биде април, но во изминатите години субвенциите на одгледувачите на овци се исплаќаа во февруари. Не верувам дека и во април ќе ги добиеме субвенциите бидејќи на нив чекаат и овоштарите и тутунарите“, вели Ѓеоргиев.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи