Филипче: Полицискиот час дава резултат – нема експоненцијален раст на заболени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Mинистерот за здравство Венко Филипче смета дека полицискиот час дава резултати. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е ефектот од забраната за движење од 22 до 5 часот, Филипче рече дека се спречил експоненцијален раст на новозаболени и наплив на пациенти во болниците.

„Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови, после завршувањето на работата на угостителските објекти, и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, како носење маски и одржување дистанца. Во овој балансиран пристап со умерена рестрикција комбинирана со индивидуална одговорност, резултатот дојде во смисла што немаше експоненцијален раст на заболени од вкупниот број на направени тестови и немаше нагол прилив кон болниците за да се парализира здравствениот систем. Тоа успеавме добро да го изменаџираме, имаме доволен број на кревети кога споредуваме со пикот во ноември…Во таа смисла избегнувањето на експоненцијалниот раст, и тоа што имаше многу други земји кои имаа многу порестриктивни мерки и се соочија со многу посилен бран од нашиот, како едно сценарио, и друго сценарио да после таквиот раст воведување на некаква форма на карантин не даде резултат, Комисијата за заразни болести смета дека ова е пристапот којшто треба да биде“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи