Ќе се гради хотел што ќе ротира на вода во Катар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Турското архитектонско студио „Хајри Атак“ стои зад футуристичкиот дизајн на хотел со 5 ѕвезди што ќе се гради во Катар. Хотелот со 152 соби ќе се простира на површина од околу 35.000 квадратни метри и ќе биде изграден на вода.

Според архитектите, хотелот ќе ротира за да произведува електрична енергија. Ротирањето нема да ја произведе целата струја што ќе му биде потребна на хотелот, но во дизајнот се вклучени и 55 ветерници што истовремено ќе функционираат и како чадори за заштита од сонце.

Хотелот ќе користи вода од морето, која ќе се собира и прочистува. Во хотелот ќе има и систем за отпад на храна што ќе се користи како ѓубриво.

Планот е да се изгради хотелот во Катар, но архитектонското студио вели дека тој би можел да се премести речиси секаде. Гостите ќе може да стигнат до хотелот со брод или мост кој ќе го поврзува со брегот. Ќе има опција и за летање со хеликоптер.

Секоја од собите во хотелот ќе има приватен балкон, а во хотелот ќе има и внатрешни и надворешни базени, сауна, спа, вежбалница и мал терен за голф. Се очекува хотелот да биде завршен во 2025 г., но не е јавно познато која компанија ќе го води хотелот и кој го финансира проектот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи