Џафери закажа седница за одложување на пописот и измените на Изборниот законик во 13 часот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери за 13 часот закажа седница на која на дневен ред ќе биде одложувањето на пописот и измените на Изборниот законик.

Официјално на дневен ред на 38. седница се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка и  Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Одложувањето на пописот за септември и измените на Изборниот законик се поднесени по средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Против одложување на пописот се Алијанса на Албанците и Алтернатива, чиј став не се промени иако вчера во текот денот се одржуваше неколкучасовна координација во Собранието.

Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група за МИА денеска изјави дека остануваат на ставот против одложување на пописот и оти сметаат дека тоа се прави од политички причини, а не од здравствени поради пандемијата.

На прашањето дали ќе поднесат амандмани, Реџепи рече најверојатно да, односно дека ќе ги употребат сите демократски средства за да спречат одложување на пописот.

Одложувањето на пописот би можело да се случи за три дена, односно по завршување на сите процедури во Собранието, доколку АА и Алтернатива поднесат амандмани на Законот за попис.

По утврдувањето на дневниот ред на 38. седница се утврдува потребата за носење на законите по скратена постапка, а потоа се проследуваат на матичните комисии и на Законодавно-правната комисија. Бидејќи измените на Законот за попис се со европско знаменце и по скратена постапка, матична е Комисијата за европски прашања, а за евентуални амандмани се расправа само два дена. Потоа законот се враќа на пленарна седница за да биде донесен. Тоа во овој случај би било во сабота.

Измените на Изборниот законик предвидуваат употреба на фингерпринт на локалните избори и нивно одложување за втората половина на октомври, поради одложувањето на пописот за септември.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи