455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови и сиромаштија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика речиси една четвртина од жителите на Македонија тонат во сиромаштија. 455.600 лица живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население, исто како и во 2018 година, додека во 2017 година тој процент беше 22,2. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори.

Во истражувањето коешто го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а коешто беше објавено во јуни годинава, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија, а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход. Зголемен е и бројот на деца жртви на семејно насилство што се должи на затворањето на училиштата и полициските часови, а квалитетот на образованието кое го добиваат преку онлајн учењето не е доволен особено во стручните училишта.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи