Бочварски: Проектот за автопатот Битола-Прилеп е транспарентен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пред два дена потпишавме меморандум за изградба на автопат Битола-Прилеп. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Битола.

Министерот посочи на отворена и транспрантна постапка за како што рече еден од најзначајните капитални проекти за државата и регионот

„Ќе бидеме отворени и транспарентни. Ние сега потпишавме меморандум за соработка кој е необврзувачки, а продолжуваме со техничко почнување на постапките, а кога ќе сме подготвени, целиот модел ќе биде претставен на јавноста. Овој модел не е непознат во други држави, се работи за брз и поефикасен модел“, изјави Бочварски.

Автопатот Битола-Прилеп, дополни, е еден од најзначајните капитални проекти за државата и регионот и наскоро ќе почнеме да го градиме.

„Првиот чекор до изградбата на автопатот е меморандумот за соработка што го потпишавме пред два дена, следниот чекор претставува навлегување во техничките детали поврзани со договорот кој во иднина би се случил. Со нашите експерти транспарентно ќе ја разгледаме целата постапка и на крај ќе одиме во Собрание за одобрување на тој Договор. Во минатото во државата пробавме на многу начини да градиме патишта, најчесто низ редовната постапка но често се мачиме, ги губиме проектите, а парите остануваат нереализирани и затоа сега сакаме да се обидеме на еден нов начин, низ нов принцип, прв пат да покажеме дека можеме брзо и ефикасно и јасно да покажеме дека ќе градиме инфраструктура за граѓаните како национален интерес број еден за државата. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали. Очекувам од јавноста но и опозицијата да разговараме и да донесеме вистинска одлука“, посочи Бочварски.

Според Бочварски новиот модел нуди побрзо и поефикасно спроведување на проектите.

„Ќе бидеме отворени и транспарентни. Ние сега потпишавме меморандум за соработка кој е необврзувачки, а продолжуваме со техничко почнување на постапките, а кога ќе сме подготвени, целиот модел ќе биде претставен на јавноста. Овој модел не е непознат во други држави, се работи за брз и поефикасен модел. Ние време за чекање немаме. Паневропските коридори се градат и ако ние не изградиме модерна инфраструктура, тогаш ќе бидеме заобиколени преку другите земји, затоа како Влада влеговме во една ваква постапка, ќе бидеме транспарентни а пред пратеници јасно и гласно ќе објавиме што е тоа доброто за граѓаните“, изјави министерот Бочварски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи