ВИДЕО – Заев: И дијаспората е наш народ, ние го попишуваме целиот народ, без разлика дали е дома или надвор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да гласаат, а да не ни треба дијаспората кога ни дава пари, кога треба да ја попишиме, кога помагаат на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ, денеска е надвор, а утре ќе е тука. Истакна денеска Заев како одговор на ставот Мицкоски дека дијаспората треба да се евидентира, а граѓаните во Македонија да се попишуваат.

 

 

Тоа е нашиот народ, ние си го попишуваме целиот наш народ, без разлика дали е дома или надвор и секако податоците што ги земаме за граѓаните што ни живеат дома, или резидентното население се податоци кои влегуваат во употребата, заради тоа што Прилеп го развиваме согласно бројот на жителите кои живеат тука, согласно тоа каде треба градинки, каде треба училишта, колкава е потребата од нови индустриски капацитети, каков вид на капацитети, што образование и профили постојат кај граѓаните од структурата на невработени, но и структурата на вработени. Сето тоа дава посуштинска информација за самиот попис, за граѓаните кои што се дома, но исто така ни се еднакво важни граѓаните кои живеат надвор. Затоа сето тоа што се прави со пописот кој ќе биде од 5 до 30 септември е попишување на сите наши граѓани, резиденти и нерезиденти, граѓани што ни живеат овде во РСМ и граѓани кои се отселиле и живеат повеќе од една година надвор од државава“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи