ВИДЕО – Ќе има зелен покрив и сама ќе произведува струја – започна изградбата на градинка во Точила

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Започна изградбата на новата детска градинка во населбата Точила во Прилеп. Нејзиниот капацитет ќе биде 252 деца. Градинката се гради на површина од 5.000 м2. Градоначалникот Јованоскии истакна дека ваква градинка се гради во Прилеп за прв пат после цели 40 години. Општина Прилеп за изградба на градинката издвои 133 милиони денари, средства од општинскиот буџет.

 

 

„Објектот е проектиран да има приземје и кат, функционално поделен на два дела, од кои одниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата. Покрај партерното уредување, од особена важност е што покривот е предвиден како зелена покривна тераса, со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува одлична изолација преку целата година и заштеда на енергија. На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрина енергија за потребите на самата градинка“, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Градинката е проектирана да ги исполни сите современи стандарди за енергетска ефикасност со блиску до 0 енергетска потрошувачка, со А+ енергетска класа. Во градинката ќе биде инсталирана воздушна топлотна пумпа со рекуперација на топлината со која се намалуваат трошоците за греење и ладење до 50% годишно. За загревање на проектот е предвидено централно греење, со подно греење како најпогодно за ваков тип на објекти. Иновативноста на проектот оди чекор понатаму и предвидува покрив како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација“, додаде премиерот Зоран Заев.

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, рече дека за 7 месеци во Македонија биле изградени 11 детски градинки со што се овозможило место за 670 деца, а до крајот на годината се планирало да заврши изградбата на нови 14 градинки во повеќе места.

„Многу е важно претшколското образование, затоа што нашите најмлади се подготвуваат за влезот во основно образование. Тука ги учат основните елементарни работи за социјализација, за дружење, за учење преку игра, учење на основните морални вредности кои што понатаму ќе ги изградат во вистински граѓани на оваа држава. Истовремено вложувајќи во градинките вложуваме и во квалитетен, компетентен стручен кадар кој треба да одговори на потребите на децата“, потенциираше Шахпаска.

Градинката во Точила треба да биде готова за 7 месеци.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи