Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Припадниците на Првата пешадиска бригада (1. пбр) денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец со воена свеченост и со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 го одбележаа Денот на единицата.

За Денот на 1. пбр е одреден датумот 2 април кога оваа единица ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност на повеќе армиски родови.

„Во состав на Првата пешадиска бригада е најголемата декларирана единица – лесниот пешадиски баталјон. Таа е препознатлива не само по стекнатото искуство и учество во мировните операции во Авганистан и Ирак, ангажирањето на јужната граница, високите резултати од реализираните оценувања и вежбовни активности, туку и со постојаната несебична помош и асистенција на граѓаните и институциите на Република Македонија секогаш кога тоа е потребно“, наведува Министерството за одбрана.

Со свечена церемонија, интонирање на химната, но и едноминутно молчење за сите припадници на оваа бригада, кои го загубиле животот, беше одбележан Денот на 1.Пешадиска бригада на Армијата.

„Како резултат на епидемијата оваа бригада беше ангажирана за многу активности, но најголем предизвик сепак е чувањето на јужната и северна граница на земјава“, рече бригадниот генерал Бесник Емини.

На свеченоста присуствуваше армискиот врв, како и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која истакна дека лесниот пешадиски баталјон е нешто по кое сме препознатливи во НАТО, за што имаме високи оценки и заслуги од мировните мисии во НАТО. Според министерката за одбрана, пешадиската бригада е пример за обученост, способност и интероперабилност со другите армии од НАТО.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи