Отворена изложбата од Милко Нестороски во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денеска во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложба од уметникот Милко Нестороски.
„На почетокот од моето творештво како потенцијален уметник, сакам да се позанимавам со некои вакви прашања чии одговори ги сметам за клучни и како непишани правилa кои треба да се земат во предвид при создавање на секое едно уметничко дело. Овие одговори сметам дека секој потенцијален автор пред сè треба да ги побара во себе, размислувајќи за своите потреби, желби, чувства, размислувања и сл. и нивната поврзаност со неговиот творечки нагон. Да се запраша кои се најискрените лични причини поради кои тој сака да создава уметност и каква би била таа. Јас лично во потрагата по овие одговори одлучив да тргнам назад во моето детство, за во тогашниот мој светоглед ги пронајдам корените на сегашните мои творечки тенденции. Така стигнав до делa со кои истовремено како тема се опфатени  прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што јас, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност“, вели уметникот Милко Нестороски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи