Собранието го одложи пописот за септември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Официјално, со 95 гласови ЗА, 12 ПРОТИВ и без воздржани, законодавниот дом попладнево донесе одлука со која направи измени во законот за попис и истиот го пролонгира за наесен.

Ова следува откако претходната недела на тет-а-тет средба го договорија лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Исто така со 95 гласа „за“ Собранието ги донесе измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. Против и воздржани немаше. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за“, а против и воздржани немаше.

Законите ќе стапат во сила откако ќе ги потпише и претседателот Стево Пендаровски и ќе бидат објавени во „Службен весник“.

Откако пратениците го „верификуваа“ договорот што го постигнаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот, а за што согласност дадоа и другите парламентарни партии, со исклучок на опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива, Собранието продолжи со гласање на законите од други шест седници, чии продолженија беа закажани денеска. Се очекува во текот на ноќта да се гласа за педесетина закони што беа блокирани во изминатиот период.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи