УЈП: 10,7% од фирмите не исплатиле плата, 6.888 работници останаа без денар во февруари, причина е неусвоениот петти пакет мерки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Катастрофални се податоците што денес ги презентираше УЈП во однос на исплатата на февруарска палата.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, информираше дека дури 10,7% од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените. Таа додаде дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но дека 6.888 немаат исплати на плата.

„Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата“, истакна Лукаревска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи