Јованоски: Го замолувам целиот медицински персонал од Прилеп кој може да дојде да помага во болницата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Продолжуваме да се бориме со пандемијата, а сите знаеме дека Прилеп е еден од градовите каде што имаме најмногу новозаразени, најмногу болни и многу хоспитализирани болни. Се надеваме дека со пуштањето на модуларната болница денес ќе имаме поголема сигурност, како за медицинскиот персонал кој се бори една година веќе со пациентите заболени со ковид-19, а ќе имаме уште поголема сигурност на граѓаните кои што се во неизвесност и се повеќе имаме се поголем и поголем број на новозаболени и новохоспитализирани болни во нашата болница. Ова денеска го изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, при пуштањето на модуларната болница во Прилеп.

 

 

Вкупно околу 250 болни имаме во општата болница во Прилеп, од кои што од прилика половината се хоспитализирани во петте ковид одделенија, а останатата половина е на дневна болница или со инфузиона терапија ја примаат терапијата и се враќаат дома. Во следниот период, во наредните 10-тина дена од прилика се очекува пикот да биде во нашата општина. Медицинскиот персонал е компониран, заедно се сите вклучени во сите овие 5 ковид одделенија, имаме уште едно одделение ако има потреба од тоа да се вклучи и секако модуларната болница ако има потреба. Знам дека на сите ни е тешко во нашиот град, најголем број на заболени имаме во цела држава, па сакам да упатам апел до сите оние здравствени работници од било кој тип, во слободното време ако имаат можност, ги замолувам, упатувам апел, како сакате сватете, уште овие 10-15 дена имаме потреба од таква помош во нашата болница, затоа што и тоа како им е потребен, без разлика дали тоа ќе бидат лекари, медицински сестри, болничари или друг технички пероснал, ве замолувам ако имате можност да дојдете да им помогнеме на новите херои на новото време, затоа што тие цела година се истоштени и изморени и ова е последниот момент кога сакам да им помогнеме, затоа што граѓаните ќе го почувствуваат тоа“, истакна Јованоски.

Јованоски упати и апел до граѓаните максимално да се придржуваат до пропишаните мерки во наредниот период.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи