ВИДЕО – Филипче: Чекаме официјален став на ЕМА дали АтсраЗенека да ја даваме и на помлади лица

Освен младата 28 годишна девојка која сега е во стабилна состојба сме немале друг случај на компликации од примена на вакцините на АстраЗенека. За тоа дали да се намали старосната граница на примање на оваа вакцина чекаме официјален став на Европската агенција за лекови, или ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок, и ќе го почекаме тој став заради сигурноста на пациентите односно граѓаните, тоа ни е на прво место. Ова го истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, на отворањето на модуларната болница во Прилеп.

 

 

„Официјално случај се пријавува кога се детектирани некакви симптоми, тоа се утврдува и се пријавува во Агенцијата за лекови како несакан ефект и тоа е до денеска така само за младата девојка која добро се осеќа, добра клиничка слика, стабилна и не е во животна опасност. Освен тој случај друг немаме.

Ние бевме многу внимателни и се уште сме после укажувањето на германската и канадската агенција дека има такви случаи, со што го паузираа давањето на оваа вакцина, на Астра Зенека на помладите возрасни групи. Чекаме официјален став на Европската агенција за лекови, или ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок. И ќе го почекаме тој став заради сигурноста на пациентите односно граѓаните, тоа ни е на прво место.

Многу веројатно ќе се докаже тоа дека апсолутно ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем отколку компликациите кои се јавуваат од вакцината, што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладите категории на граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА ние нема да брзаме.

Овие 4.000 кои што беа наменети од вкупно 24.000 најпрво за критичната инфраструктура, затоа што пријавени за вакцинација над 77 години беа 20.000 граѓани, сега ќе ги додадеме. Значи ќе продолжи вакцинацијата со Астра Зенека кај постарите групи на граѓани, се додека не го добиеме тој официјален став, а останатите групи на граѓани и вработени во критичната инфраструктура, помлади луѓе вработени во МВР, АРМ, во неколку институции каде има голема фреквенција на контакти со граѓаните, ќе биде со вакцината „Спутник“, рече Филипче

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи