Зарем само нас ни е потребна љубов?

Има луѓе кои ги почитуваат и сакаат аутистичните луѓе онакви какви што се,но и оние кои што го прават спротивното и имаат свои предрасуди и стереотипи. Вие, кои што сте против аутистичните луѓе размислете уште еднаш, два пати, онолку колку што ви е потребно. Зарем само тие се повлечени и срамежливи?

Изгледот и однeсувањето на луѓето со аутизам не треба да бидат причина за дискриминација. Иако изгледаат мистериозно тие во себе ја кријат жедта за пријателство, разговор, игра и се што еден човек може да посака. Треба да му се даде шанса на секој човек поради тоа што сите сме еднакви.

Едно нешто што сакам да им го пренесам на децата со аутизам е тоа дека верувам во вас, верувам дека сте силни, верувам во вашата силна љубов. А таа е доволна, нели, љубовта е она што ни дава сила, она што не држи во живот.

„Замислете едно небо сино, бесконечна распространетост, чиста светлина, а навечер ѕвездено, илјадници мали блескави точки.

На такво небо се раѓаат едни прекрасни суштества,чисти души, храбри борци, деца со многу љубов во своето мало срце. Ги викаат деца со аутизам“, Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог.

И луѓето со аутизам имааат чувства, имаат срца исполнети со многу љубов, и нивните срца чукаат како и нашите. Подарете му малку од вашата љубов и тие несебично ќе ви возвратат.

Подготвил: Ученик правобранител Матеа Поповска и член на тимот Христијан Јошески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи